Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈувентус ја доби битката за фудбалерот на Рома

Јувентус ја доби битката за фудбалерот на Рома

Репрезентативецот на Босна и Херцегновина Миралем Пјаниќ ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот шампион Јувентус. Спортскиот директор на „Старата Дама“ Бепе Марота потврди дека клубот ја активирал откупната клаузула на фудбалерот од 38 милиони евра. Клучна улога во овој трансфер одиграл токму Пјаниќ, кој лично побарал од управата на Рома да биде продаден во Јувентус.

Генералниот директор на Рома Мауро Балдисиони потврдил дека самиот Пјаниќ на 9 јуни, лично побарал да му се овозможи неговото право да премине во друг клуб, именувајќи го токму Јувентус.

„Пјаниќ имаше голема желба да премине во Јувентус па ја активираше клаузулата од договорот со Рома. Тој ни ја олесна работата бидејќи се откажа од процентот кој му припаѓа нему. Откупната клаузула е 38 милиони евра, но тој одби да земе 20% од тоа на што имаше право“, изјави Марота. Марота објави дека преговорите со Рома ќе бидат само од техничка природа, односно дека Пјаниќ наскоро ќе ги помине медицинските прегледи и ќе биде претставен како нов фудбалер на Јувентус.