Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЈункер: ЕУ нема да прерасне во Соединети Европски Држави

Јункер: ЕУ нема да прерасне во Соединети Европски Држави

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер посочува дека Европа никогаш нема да биде една држава, како што многумина погрешно ја замислуваат унијата.

На прашањето како гледа на иднината на Заедницата, луксембуршкиот политичар истакна дека таа ќе остане разновидна и шарена во културна смисла.

„Никогаш не сум бил приврзаник на концептот на Соединети Европски Држави – како млад – да, но сега веќе не сум. Никогаш нема да го доживеем претворањето на ЕУ во една држава. Не се наоѓаме и на патот на националнизацијата, кој е по моделот на САД. Ми се допаѓа да сум државјанин на Луксембург, да сум Европеец, на други им се допаѓа да се тиролци, Австријци, баварци, бретанци. Сите тие припаѓаат на европската разновидност. Кој сака да направи од Европа непознатлива смеса, не разбрал ништо за неа, за својата разновидност, боја и културно богатство. Европа може да биде убиена, ако се загуби во егалитаризмот “.

Неа, сепак ќе ја има – не само по 10 години, но и по многу повеќе време, уверува Јункер.