Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈунајтед му кажува „збогум“ на Ди Марија со казна!

Јунајтед му кажува „збогум“ на Ди Марија со казна!

Аргентинската ѕвезда Анхел ди Марија очигледно ќе ја заврши кариерата во Манчестер Јунајтед на мизерен начин, откако клубот одлучи да го казни со 360.000 фунти за неприсуствување на предсезонската турнеја.

Ди Марија потпиша за англискиот тим минатото лето за рушење на британски трансфер рекорд од  59,7 милиони фунти. 27-годишникот ја доби честа да ја носи седумката, која предходно беше во рацете на клубските легенди Џорџ Бест, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и, секако, Кристијано Роналдо.

На жалост, неговата кариера кај „црвените ѓаволи“ кратко траеше поради неприлагодување на животот во Англија.

Се очекува неговото место да го заземе каталонскиот напаѓач Педро на кој му е понудена сума од 22 милиони фунти.