Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЈубилеј на охридскиот Факултет за туризам и угостителство

Јубилеј на охридскиот Факултет за туризам и угостителство

45-годишнината од постоењето на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид,беше одбележана со свеченост. Оваа образовна институција досега била домаќин на повеќе од шест илјади дипломирани студенти.

Цветко Андрески, декан, во обраќањето пред пристутните на настанот посочи дека кадрите што се производ на овој факултет денеска се вработени како признаени експерти во Владата, Царинската управа, Агенцијата за супервизија и осигурување и во сите осигурителни компании земјата, низ шпедициите и хотелите во државава…

– Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е најстарата високообразовна институција во земјава и една од најстарите во регионот која продуцира кадри од областа на туризмот и угостителството. Ги има сите три циклуси на студии, прв, втор и трет, како и голем број на познати и признати истражувачи, рече Цветкоски истакнувајќи дека и натаму на ФТУ ќе се работи на проширување на наставната програма како и на подобрување на стандардите за повисок квалитет.

На неколку професори им беа врачени пригодни подароци по повод јубилејот, додека свечениот коктел беше приготвен од студентите од гастрономската насока на високообразовната институција.