Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЈСП започнува со пробниот систем на издавање електронски картички

ЈСП започнува со пробниот систем на издавање електронски картички

Процесот на иаздавање електронски картички и официјално започнува. Истите картички граѓаните можат да ги набават на посебните инфо центри на ЈСП. Двојниот систем на стара и нова наплата во јавниот превоз ќе се одвива паралелно се до крајот на годината.

Директорот на ЈСП Скопје, Игор Танушевски, ја објасни функционалноста и организираноста на градскиот превоз што ќе придонесе до неговиот квалитет.

„Целата процедура трае една или две минути. Многу брзо, на местото се фотографира барателот на картичката и таа се изработува веднаш потоа. Ќе има осум локации во Скопје, а шест почнуваат да функционираат од вторник. Останатите две се доработуваат и за неколку дена ќе бидат отворени. Со новиот систем за електронска наплата имаме два вида на картички, каде едната е персонализирана (Моја скопска) и може да биде користена само од страна на еден корисник и пренослива картичка без фотографија (Скопска). На овие 8 локации граѓаните ќе можат да извадат „Моја скопска” картичка, која во однос на неперсонализираната картичката (Скопска), има повеќе предности, како што е можноста за користење на месечни билети, со истата се овозможува контрола на трансакциите преку веб апликација, а доколку истата се изгуби или оштети, постои можност за префрлување на средствата на нова картичка додека старата се блокира. Дополнително ќе бидат поставени и автомати на 3 локации, и тоа Рекорд, Транспортен центар и Бит пазар каде што граѓаните ќе можат да ги надополнуваат електронските картички со средства. За да се реализира успешно овој систем патниците треба навремено да ги набавуваат електронските картички, па затоа апелирам сите корисници на јавниот превоз навреме да ги набават електронските картички кои сакаат да ги користат“

За повеќе информации за функционирањето на новите картички, посетете ја страната  www.skopska.mk , или јавете се на бесплатната телефонска линија 0 800 115.