Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЈСП од утре со бесплатен превоз за волонтерите до поплавените подрачја, еве го распоредот

ЈСП од утре со бесплатен превоз за волонтерите до поплавените подрачја, еве го распоредот

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од утре ќе почне со бесплатен превоз на волонтери за помош во поплавените подрачја од невремето што го погоди Скопје и околината, соопштија денеска од ЈСП.

Автобусите на ЈСП кон погодените подрачја ќе тргнуваат во три термини, 9, 12 и 15 часот од следните локации:

Ѓорче Петров – пред црквата „Св. Петар и Павле“, кон Карпош, спроти „Сити мол“, потоа продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел „Континентал“ (спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка
Кисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром на булевар Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка
Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква „Св. Јован“ и продолжува кон крајната (Пункт кон Стајковци)

Последното враќање назад е во 19 часот.