Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЈСП и Град Скопје ретерираа: Цените на билетите за превоз остануваат исти!

ЈСП и Град Скопје ретерираа: Цените на билетите за превоз остануваат исти!

По жестоките реакции во јавноста, ЈСП и Градот Скопје соопштија дека денеска одлучиле да си го повлечат предлогот за поскапи билети во автобусите, кој предвидуваше од Први јануари билетот да „скокне“ од 35 денари на цели 60 денари.

Градоначалникот на Скопје на денешната прес конференција смирува, цените ќе останат исти.
Одлуката за зголемување, според него, требало да услови создавање на помалку метеж на постојките…

– Цената останува иста. Првичната предлог одлука за цена од 60 денари за билет беше за да се намали чекањето при вадење карта кај возачот бидејќи ако има поголем број патници во тој случај се зголемува времето на чекање на автобусот на автобуската станица додека возачот ги извади картите, објасни денеска на прес-конференција Коце Трајановски.

Цената на билетот за едно возење, посочува, останува 35 денари и се прави унификација со цената во приградските линии која се намалува од 40 на 35 денари. Непроменета останува и цената на ноќното возење, 40 денари, а има намалување на месечниот билет кој за првата зона чинеше 1.650 денари на 1.400 денари. Намалена ќе биде и цената на годишните билети од 16.060 денари на 15.400 денари, и според новиот тарифник годишниот билет ќе важи точно една година од датумот кога е изваден, а не како досега до крајот на годината без оглед кога е извадена.

Новитетите што се најавувааат од догодина се електронски картички при што граѓаните ќе имаат избор дали да купат билети со 10 возања кој ќе чинат 250 денари или при секое возење да плаѓаат по 35 денари.

По целосната имплементација на електронската наплата, од ЈСП велат дека ќе нема билети во хартиена форма. Во моментов на услуга на граѓаните им стојат и 30тина билетари на ЈСП, но наскоро се планира отворање на повеќе од 60 продажни места каде ќе може да се набави електронска картичка.


Н.С