Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЈСП ги повика програмерите да најдат решенија за подобар превоз

ЈСП ги повика програмерите да најдат решенија за подобар превоз

ЈСП Скопје организира програмерски хакатон и ги поканува сите креативци да создадат соодветни софтверски решенија за подобрување на градскиот превоз со првиот „Скопски автобуски хакатон“.

Целта е да се изработи софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57. Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер. За учество на хакатонот, треба да се пријавите на следниот линк.

Конкурсот е отворен до 15 октомври, а најдобрите решенија ќе добијат повеќе награди како паричен надомест од 45.000 денари, приказ на реклама на автобусите или постојките, бесплатно возење во ЈСП и билети за жичарата на Водно.

Хакатонот е организиран во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.