Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСи купивте ЈСП електронски билет? Еве ги цените на „Моја Скопска“

Си купивте ЈСП електронски билет? Еве ги цените на „Моја Скопска“

Со новиот систем на наплата, патниците ќе можат да плаќаат со повикување на бројот 185, со доблужување на мобилниот телефон до валидаторот и со СМС-порака.

Вадењето на персонализирана електронска картичка чини 250 денари, а семејната 200 денари. Оние патници, пак, што не се возат редовно со автобус и кои немаат потреба од електронски  билет, како на пример луѓе кои се од други градови, а дошле на неколкудневен престој во Скопје, или пак странците ќе можат да користат посебен билет кој освен во билетарниците ќе може да се купи во автобус.

Од почетокот на идната година, на автобуските стојалишта ќе бидат поставени над 50 информациони дисплеи на кои ќе се прикажува пристигнувањето на автобусите, а патниците ќе можат да се информираат за линиите и со испраќање СМС-порака, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу две места во Градот со користење на јавниот превоз.