Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЈСП: Дилемите околу новиот начин на плаќање разјаснети!

ЈСП: Дилемите околу новиот начин на плаќање разјаснети!

Наближува Нова година, стартот на електронската наплата во јавниот превоз во Скопје, а сепак помеѓу граѓаните сеуште постојат многу недоумици. Од ЈСП, со цел дообајснување на сите дилеми, во текот на вчерашниот ден објавија објаснување за новите електронски картички.

Според новите правила, секој патник, без разлика на возраста и правото на бесплатен превоз, задолжително мора да се валидира при секое возење, односно да ја отчука елетронската картичка.

При валидирањето, доколку картичката е исправна, валидаторот ќе сигнализира со зелено светло, а во случај да не е, информацијата ќе ја прикаже на валидаторот и ќе сигнализира црвено светло.

На екранот се појавува и состојбата на средства останати на картичката, за да знаете уште колку возења ви остануваат. Освен тоа, состојбата корисниците ќе можат да ја проверат во билетарниците на ЈСП”Скопје” и на веб страницата за персонализираните картички.

Надополнувањето се прави на 60 продажни места во градот, како и на 3 автомати за издавање и дополнување на картички.

Eлектронските персонализирани картички, граѓаните може да ги извадат во пет центри за персонализација, кои се на локации во Транспортниот центар, Аеродром, Бит-пазар, Порта Влае и ЈСП Турс. Тие се добиваат за 200 денари. Се разликуваат од неперсонализираните по тоа што корисникот треба да ги даде своето име, презиме, адреса на живеење и фотографија, кои ќе бидат видливи на самата картичка.

Неперсонализираните картички, тие ќе може да се купат во сите билетарници, центрите за персонализација и кај мастер-дилерите, а ќе може да се надополнуваат на истите места како и персонализираните картички. Тие се добиваат за 150 денари. Минимален кредит што може да се внесе е 100 денари.

Целосната имплементација на новиот систем на наплата се очекува до крајот на Јануари 2016та.


Н.С