Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЈовановиќ: Неколку факти за платите во Македонија

Јовановиќ: Неколку факти за платите во Македонија

Бранимир Јовановиќ на својот Фејсбук профил напиша неколку факти за платите во Македонија. Ви го пренесуваме неговиот пост.

1. Просечната плата во Македонија изнесува околу 22000 денари (360 евра) и е една од најниските во Европа.

2. Просечната плата стои на ова ниво веќе 2,5 години.

3. Просечната плата, корегирана за инфлацијата, уште го нема достигнато нивото од пред распадот на Југославија.

4. Две третини од работниците во Македонија имаат плата која е пониска од просечната, а пола од работниците имаат плати до 16000 денари.

5. Минималната плата во Македонија изнесува 9590 денари (150 евра), а највисоката – 76000 евра (во 2012 година).

6. На една текстилна работничка која зема минимална плата ѝ се потребни 42 години за да заработи колку што заработува менаџерот со највисока плата за 1 месец.

7. Текстилната работничка која зема минимална плата ѝ плаќа да државата директни даноци (персоналец + придонеси) од 34%. Менаџерот кој ја зема платата од 76000 евра ѝ плаќа на државата директни даноци од 12%.