Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈолевски во Полска за поголема подршка за НАТО

Јолевски во Полска за поголема подршка за НАТО

Министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе ја посети Полска каде ќе се сретне со својот колега министерот Томаш Шимоњак за да се потврди меѓусебната воено-стратешка подршка, како и заложбите за зачленување на Македонија во НАТО. Со Полска имаме одлични односи во полето на одбраната со размена на искуства на Воената академија и Полскиот универзитет одбрана, како и голем број на потпишани и реализирани билатерални планови за соработка.