Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈолевски во Охрид на НАТО школата за борба против ИД

Јолевски во Охрид на НАТО школата за борба против ИД

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Охрид ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на НАТО напредната школа на тема „Борба против активностите на ИД за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“.

Како што соопшти Министерството за одбрана, четиридневната работилницата се реализира во ко-организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Бугарската академија на науките. Учесници се над 45 претставници од безбедносниот сектор од Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

На работилницата ќе стане збор за глобалните трендови во однос на употребата на сајбер-просторот и технологиите од страна на Исламска држава, како и на градењето регионална соработка меѓу учесниците од НАТО и земјите од Партнерството за мир.