Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈолевски размислува за повеќе мировници на АРМ во ОН

Јолевски размислува за повеќе мировници на АРМ во ОН

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски при посетата на Обединетите нации во Њујорк се сретна со Ладсоус, потсекретарот на ОН и шеф на Одделот за мировни операции, со кого е разговарано за македонското учество во мировните мисии и можноста за зголемување на бројот на ангажирани припадници на АРМ.

jolevski-on-ladsous

„На средбата, министерот Зоран Јолевски го информираше Ладсоус дека во рамките на министерството за одбрана сериозно се размислува за зголемување на учеството на АРМ во мировните операции и давање на поголем придонес кон светскиот мир. Ладсоус срдечно ја поздрави оваа иницијатива и ги понуди сите капацитети на Одделот за мировни операции на ООН на располагање како помош за Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана при планирањето, донесувањето на одлуките и во подготовките за распоредување на македонски контингент во дел од постоечките мировни мисии на ООН“, стои во соопштението на Министерството за одбрана.

Ладсоус потенцирал дека овие идеи имаат голем потенцијал за реализирање.