Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈолевски: Поканата за НАТО ќе помогне за решавање на проблемот со името

Јолевски: Поканата за НАТО ќе помогне за решавање на проблемот со името

Свесни сме за проблемот со нашиот јужен сосед за разликите околу името, но истовремено сме и сериозно посветени за изнаоѓање заеднички прифатливо решение. Упатувањето покана на Самитот во Варшава за Македонија во НАТО ќе помогне за јакнење на мерките на доверба меѓу двете земји.

Ова го истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски кој во Вашингтон учествуваше на конференцијата „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“ на третиот панел посветен на „Иднината на проширувањето: Дали вратите на НАТО се уште се отворени“.