Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЈелена Јанковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Хонг Конг

Јелена Јанковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Хонг Конг

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ успеа да обезбеди пламан во полуфиналната рунда на WTA турнирот во Хонг Конг.

Јелена Јанковиќ во четвртфиналето ја совлада Русинката Дарија Гаврилова со 6:1 и 6:1.

Јанковиќ немаше преголеми проблеми против 21-годишната тенисерка, на која како и во претходното коло против Анастасија Родинова од Австралија дозволи да и бидат земени само два гејма.

Нејзин противник во полуфиналето ќе биде Венус Вилијамс која пак беше подобра од Ализ Корне од Франција со 6:1, 6:1.

Тоа ќе биде нивен 13-ти меѓусебен дуел, а моментално се изедначени по победи 6:6.

Во другото полуфинале ќе се сретнат Австралијанката Саманта Стосур и Германката Анџелика Кербер.

Овој турнир во Хонк Конг се игра со награден фонт од 250.000 долари.