Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет„Јеховини сведоци“ забранети во Русија како екстремистичка организација

„Јеховини сведоци“ забранети во Русија како екстремистичка организација

Врховниот суд на Русија соопшти дека верската група „Јеховините сведоци“ треба да се смета за екстремистичка организација. Судот издаде одлука, како одговор на жалба од страна на Министерството за правда. Ова е прв пат, според рускиот закон, да биде забранета цела регистрирана верска организација.

Покрај тоа, судот го приватизира имотот на движењето и го претвори во државен приход. Од организацијата велат дека ќе поднесат жалба за одлуката.

Одлуката особено се однесува на административно седиште на организацијата во Санкт Петербург, но ќе влијае и на работењето на организацијата на национално ниво. „Јеховини сведоци“ тврдат дека имаат 170 илјади следбеници во Русија.