Wednesday, Oct 18, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈавното обвинителство постапува по бомбите – Сослушани државни функционери

Јавното обвинителство постапува по бомбите – Сослушани државни функционери

Јавното обвинителство соопшти дека врз база на пристигнат глас постапува по речиси сите објавени „бомби“ на опозицијата, односно на објавените прислушкувани разговори и нивната инкриминирачка содржина. ЈО информира дека се покренати предмети за повеќе случаи, како што е наводот за незаконско и политички мотивирано прислишкување на лица од раководството на опозицијата. За цели на истрагата сослушани се Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и Горан Груевски началник во управата.

mvr1

Обвинителството на овој начин тврди дека критиките упатени на нивна адреса за селективно спроведување на правдата и „замижување“ пред случаите за државни функционери. Покренати се повеќе предмети поврзан со локалните избори со наводното носење на гласачи од дијаспоратата со авиони финансирани и од приватна фирма, како и за гасењето на струјата за лифтовите во зградите во Центар. Сите инволвирани во овие разговори меѓу кои и Миле Јанакиевски и Никола Тодоров се повикани на разговор, а побарани се и извештаи од ДИК и други надлежни институции.

marko-zvrlevski

На барањата од јавното обвинителство, од повеќе институции и правни лица доставен е обемен писмен материјал кој е предмет на проучување. Во предметите во кои се исцрпени сите планирани и можни дејствија, завршено е проучувањето на материјалот и со тоа е разјаснета кривично правната ситуација, надлежниот јавен обвинител, согласно законите, донесува соодветна одлука. Јавните обвинители ќе продолжат со преземање на сите предвидени дејствија во останатите предмети, особено оние кои се неопходни, а согласно поединечната стратегија на секој надлежен обвинител кој постапува по конкретен предмет, соопштија од Јавното обвинителство.

Речиси сите бомби кои имавме можност да ги чуеме во изминатиот период послужиле како основа за Јавното обвинителство за започнување на истражна постапка, а најмногу формални барања за достава на извештаи има поднесено до МВР.