Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЈавните чешми ќе добијат бројачи

Јавните чешми ќе добијат бројачи

Скопските јавни чешми и фонтани наскоро ќе имаат вградени бројачи, кои значително ќе го спречат непотребното трошење на водата, најавуваат од „Водовод“.

Станува збор за 250 јавни чешми од кои во периодот од март до октомври кога се во функција, континуирано истекува вода без потреба. Засега не е познато за кое количество вода станува збор, но според најавите на надлежните новата шема значително ќе придонесе за заштеда на пивката вода. Скопје е единствен главен град во регионот, кој поради изобилството на изворот Рашче никогаш во својата историја не се соочил со рестрикции на вода за пиење.

Но во интерес на сите граѓани е водата да не се троши непотребно. Па, како што најавуваат од „Водовод“ многу скоро пиењето вода од чешмиче ќе биде можно само ако активирате бројач. Принципот на работа на овие бројачи е со притискање копче на чешмичката, која веднаш почнува со испуштање вода, а потоа самата го запира млазот. Проектот во моментов е во крајна фаза.