Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЈавната кујна во Велес доби донација од Жито Лукс

Јавната кујна во Велес доби донација од Жито Лукс

Како дел од кампањата „Храна подарена од срце“, компанијата  Жито Лукс и оваа година продолжува со донации за лицата на кои им е најмногу потребна помош. Кампањата е специјално создадена и наменета за помош на установи каде се згрижени граѓани од социјално ранливи категории.

По повод новогодишните и божиќните празници, компанијата Жито Лукс ја реализираше и својата прва донација оваа година, која ја намени во јавната кујна во Велес.

„Помошта за социјално загрозените лица е дел од нашата компаниска, но и индивидуална определба како вработени на Жито Лукс. Секојдневно следиме што се случува во нашата околина и помагаме онаму кај што е потребно, со што се надеваме дека барем малку ги оттргаме од нивните секојдневни грижи.  На повеќе наврати со и без повод, Жито Лукс дава помош за сите лица кои се во неповолна социјална состојба“, изјавија од  Жито Лукс АД Скопје.

Оваа донација е само една од активностите што ги презема Жито Лукс за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории. Со ваквата акција, компанијата уште еднаш ја покажа својата општествено одговорна страна.