Tuesday, Jun 27, 2017
HomeДЕНЕШНАСветЈапонскиот цар Акихито најави можност за повлекување

Јапонскиот цар Акихито најави можност за повлекување

Japonski car Akihito

Јапонскиот цар Акихито во денешната видео порака до нацијата изрази загриженост дека поради својата возраст, би му било тешко во иднина да ги извршува должностите.

Осумдесет и двегодишниот цар, кој има операција на срце и боледува од рак на простата, во јапонскиот Устав е наведен како симбол на „единство на нацијата“, но нема никаква политичка моќ.

Западните медиуми објавуваат дека јапонскиот цар со ова обраќање изразил желба да абдицира. Во јапонското законодавство не се наоѓа абдикација на царот, а за да можат властите во Токио да му го дозволат тоа, потребна е измена на законот.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе по обраќањето на царот Акихито, изјави дека Владата во Токио сериозно ќе го разгледа ова прашање.

– Сериозно ќе ги сфатам зборовите на царот упатени до народот. Имајќи ги предвид должностите на царот, како и неговите години, треба внимателно да се разгледа што може да се направи – нагласи јапонскиот премиер.