Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноЈапонија: Половина килограм грозје продадено за 11.000 долари

Јапонија: Половина килограм грозје продадено за 11.000 долари

Најскапото грозје се одгледува во Јапонија во Ишикава и е презентирано на пазарот за прв пат.

„Рубин Римјанин“ е нова и особено ретка сорта грозје, која е продадена за феноменални 11.000 долари на аукција во Јапонија. Го купи Такамаро Кониши, кој е сопственик на супермаркети. Тој платил 360 долари за секое одделно зрно. Целото грозје е со тежина од 700 грама и има 26 зрнца. Видот грозје се појавува во Јапонија во 2008 година, а името го добива по консултации.

– Прво, зрната ќе ги изложам во мојот маркет, а потоа ќе им ги дадам на моите потрошувачи да ги дегустираат – рекол купецот Такамару Кониши и додал дека е многу среќен, бидејќи овие зрна се вистински скапоцени камења.

Јапонците се подготвени да платат премногу високи цени за квалитетно овошје, најчесто како подарок на луѓето со повисок статус – како своите шефови.

Во Јапонија, едно јаболко чини и до три долари, пакување со 20 цреши и над 100 долари, а цената на дињата „јубари“ е еднаква на цената на старо вино.

Минатата година на аукција пар дињи „јубари“ се продадени за 12.000 долари.