Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЈапонија побара од САД да отвори истрага за прислушкувањето

Јапонија побара од САД да отвори истрага за прислушкувањето

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска од американскиот потпретседател Џозеф Бајден побара отворање истрага во врска со наводното шпионирање високи претставници на јапонската влада и корпорации, по минатонеделното откритие на скандалот од страна на сајтот Викиликс, изјави портпаролот на кабинетот на премиерот Јошихида Суга.

– Доколку е вистина дека јапонските државјани биле цел на прислушкувања, тоа може да ја разниша довербата во нашиот сојуз и јас ќе мора да ја изразам нашата сериозна загриженост, му порачал Абе на Бајден во телефонски разговор, а делови од разговорот портпаролот Суга изнесе на редовна прес конференција во Токио.

Сајтот Викиликс минатата недела објави листа од 35 јапонски официјални владини и корпорациски претставници кои биле цел на шпионирање од американската Национална безбедносна агенција, а меѓу нив има и претставници на министарставата во владата на Абе, како и оделението за гас во корпорацијата „Мицубиши“ и за нафта во компанијата „Митсуи“, наведуваат британските медиуми.

Суга наведе дека Бајден се извинил заради проблемите што наводите за прислушкувања ги предизвикале кај јапонскиот премиер и луѓето во неговата администрација. Портпаролот на јапонската Влада, сепак, не сакаше да каже дали САД признале дека ја шпионирале Јапонија.