Friday, Jul 21, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионЈапонија ќе им даде половина милион на Македонија и Србија за справување со бегалската криза

Јапонија ќе им даде половина милион на Македонија и Србија за справување со бегалската криза

Владата на Јапонија донесе одлука да обезбеди неповратна помош за Македонија и Србија во вредност од 500.000 долари за справување со кризата со мигрантите, соопшти денеска канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) преку која ќе биде спроведена итната помош.

Проектот, според соопштението, има цел да ги поддржи постојните напори на владите на Македонија и на Србија да ги адресираат најитните потреби и приоритети за адресирање на тековната миграциска состојба во овие земји.

– Проектните активности вклучуваат развој на информативни материјали, обуки, подршка на социјалните служби при транспорт на ранливите категории на мигранти, како и подобрување на условите за прифат на бегалците и мигрантите, се вели во соопштението.