Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЈапонија ја враќа нуклеарната енергија

Јапонија ја враќа нуклеарната енергија

Јапонија е подготвена за повторно активирање на нуклеарните реактори првпат по две години, иако антинуклеарното расположение и натаму преовладува, по кризата во Фукушима од 2011-та година, јавува AFP.

Реакторот број 1 во нуклеарната електрана Сендаи, околу илјада километри југозападно од Токио, бил наполнет со нуклеарно гориво.

Повторното активирање се случува четири ипол години откако цунамито кое ја погоди Јапонија предизвика дефект во електраната Фукушима и доведе до гасење на повеќето реактори во земјата.