Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАСветЈанукович симнат од листата на Интерпол – Украина не се откажува од потрагата

Јанукович симнат од листата на Интерпол – Украина не се откажува од потрагата

Украинските власти ветија денеска дека ќе направат се што е можно пред суд да биде изведен поранешниот претседател Виктор Јанукович кој пребегна во Русија. Тоа е реакција откако вчера Интерпол неочекувано објави дека запира со потрага за негово апсење.

– Адвокатите на Јанукович поднесоа жалби и поради тоа од сајтот на Интерпол е симната неговата потерница, изјави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
interpolУкраинскиот парламент го симна од власт Јанукович во февруари 2014 година. Та се случи по три месеци протести на киевски Мајдан против неговиот режим. Според Интерпол, по него имаше потерница за финансиски злоупотреби, присвојување, фалсификување… Во одговор на западни медиуми, Интерпол наведе дека потерницата е повлечена од сајтот до нова наредба и не е достапна во базата на податоци за државите членки на базираната во Лион организација за полициска соработка.