Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЈанковиќ: Цел ми е освојување на Грен слем

Јанковиќ: Цел ми е освојување на Грен слем

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ изјави дека и понатаму може да отстварува добри резултати и дека нејзина цел е да освои Грен слем.

Јанковиќ има 30 години, а таа своевремено беше и прва тенисерка во светот, но никогаш не успеа да триумфира на некој од четирите најпрестижни тениски турнири.

Пред седум години таа успеа да се најде во финалето на US open, но смета дека тој резултат може да го повтори, иако многумина сметаат дека нејзините најдобри денови се веќе поминати.

,, Ќе се обидам да ја завршам сезоната на најдобар можен начин, и наредната да ја почнам здрава и свежа. Моја цел е да освојам Грен слем. И понатаму се чувствувам дека сум спремна за овој предизвик во наредните неколку сезони, во зависност од тоа во каква состојба ќе биде моето тело”, изјави Јанковиќ.