Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанева тврди: СЈО работи само со докази и по закон

Јанева тврди: СЈО работи само со докази и по закон

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во интервју за МТВ одговараше на прашања дали СЈО е подредено на СДСМ и дали е насочено само против владејачката партија со оглед на досегашните предистражни дејствија како и првите поведени две обвиненија.

СЈО работи само врз база на факти, докази и според законските прописи. Досега сме преслушале само 12% од разговорите и брз на нив ги поведовме предистражните постапки, тука нема никаков простор за пристрасност, посочи Јанева.

Во поглед на предметот Пуч оцени дека тој е најзначаен за македонската јавност со оглед на тешките кривични дела кои се опфатени.

„Се надеваме дека Кривичниот суд ќе решава праведно и според закон, токму затоа и се нафативме на оваа работа. Засега кривичниот суд незаконски го одложи рочиштетот за предметот „Пуч“ за месец и половина што е премногу. Јавноста има право да го следи овој случај поради неговата сериозност и тежина и ние ќе постапуваме само врз база на факти и ќе се водиме според важечките закони, рече Катица Јанева.

Специјалната обвинителка исто така посочи дека се собрани доволен број на докази за двете обвиненија и тие ќе ги презентира пред судот, а очекува и да се почитуваат роковите за постапките да течат.