Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЈанева со италијанскиот министер за правда за борбата со организиран криминал

Јанева со италијанскиот министер за правда за борбата со организиран криминал

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева оствари средба со италијанскиот министер за правда Андреа Орландо на која се разговарало за начинот на справување со организираниот криминал и неопходните реформи.

andrea orlando

„На средбата беа разменети искуства од аспект на предизвиците со кои се соочуваат двете земји за зголемување на ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата, при што беше истакната важноста од професионално, независно и објективно работење на институциите кои се одговорни за обезбедување на владеењето на правото. Од страна на министерот Орландо беше изразена поддршка за работата на специјалното јавно обвинителство, при што беше истакнато значењето од исполнување на исклучително важниот мандат што му е зададен“, информираат од СЈО кои беа и домаќини на министерот Орландо.