Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанева: Се знае зошто влеговме во домот на Панчевски

Јанева: Се знае зошто влеговме во домот на Панчевски

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева демантира дека бил одземен клуч од домот на екс-претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, при претрес на неговиот стан, а во рамките на предистражната постапка која се води за него.

„Апсолутно не е одземен клучот од домот на Панчевски! Да појаснам, во моментот кога ние имавме наредба од суд да извршиме претрес, во станот на Панчевски, немаше потреба никаква да земаме без потреба никакви работи. Ние можевме да земеме се што е предмет на наредбата и се е одзмено со записник за претрес и тоа и го направивме. А,тоа што тој го снимал својот стан, треба да биде предмет на психијатриска опсервација“,рече Јанева во изјава за медиумите.

Специјалната обвинителка тврди дека истражителите не биле известени дека тој има видео надзор во домот, а од нивна страна со помош на крим-полиција бил сниман претресот и во судот и во станот на Панчевски.

На новинарско прашање дали СЈО кривично ќе го гони Панчевски поради објавувањето на снимките, Јанева со одговор:

„Во многу ситуации кога не напаѓале, секогаш повеќе сме се грижеле да си ја работиме работата и да ги оставиме работите сами да се средат. Се знае зошто влеговме во неговиот дом: за да провериме дали ја злоупотребил својата службена положба и овластување, односно дали оддавал службена тајна.Тоа е важно прашање“, вели обвинителката Јанева која уште еднаш потврдува дека ќе се докаже дека не бил одземен никаков клуч и дека тие биле максимално професионални при претресот.

Според Јанева, извршен е попис на сите одземени работи најдени кај Панчевски и ќе се прав анализа,за да може предметот да премине во друга фаза.