Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈaнева: Се переле пари од буџетот и завршувале кај поединци

Јaнева: Се переле пари од буџетот и завршувале кај поединци

Голем број обезбедени материјални од 2008 до 2015 година укажуваат дека Управата за јавни приходи и Министерството за финасии дозволиле поединци и министерствата да работат спротивно на законите, а со тоа поединци да се стекнат со имотна корист на штета на буџетот на Република Македонија, рече обвинителката Катица Јанева.

Таа најави дека ќе се открие на кој на чин се перени пари во буџетот и како завршувале во џебовите на високи правни лица и функционери.

Ова е почеток на истрагата која понатаму ќе се проширува за анови лица и дела, рече Јанева.
Овие финасиски истраги се комплексни, сепак е потребен подолг период за јавно обвинителски одлуки од наша страна.

Се наметнува прашањето дека ќе се надмине периодот од 18 месеци, а роковите се далеку пократки од роковите по кои постапуваат останатите јавни обвинителства.

Поради ова, бараме Собранието да ја разгледа законската одредба која ја ограничува нашата работа и да најдеме соодветно законско решение да ги истражиме кривичните дела кои се во рамките на нашиот мандат, рече Јанева.