Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаJанева: Нема стражарно да ги приведуваме Груевски, Мијалков, Протоѓер и Божиновски

Jанева: Нема стражарно да ги приведуваме Груевски, Мијалков, Протоѓер и Божиновски

Експремиерот Никола Груевски, неговиот поранешен шеф на кабинет, Мартин Протоѓер, донеодамнешниот генерален секретар на Владата,Кирил Божиновски, како и поранешниот прв разузнувач во државата, Сашо Мијалков, на сите можни начини одбиваат да ги подигнат поканите за распит во Специјалното јавно обвинителство. Ова за Макфакс го тврди специјалната јавна обвинителка Катица Јанева,која, сепак,,вели дека нема да бараат тие да бидат спроведени стражарно со полиција.Првите тројца се повикани да дадат исказ околу финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Талир“,а Мијалков за други истраги.

„Нема да правиме жртви од четворицата. И во нивен интерес беше да се појават во СЈО и да дадат исказ, како и да направат увид во доказниот материјал или да достават нови докази. До истекот на законскиот рок ние ќе покренеме обвиненија за сите постапки за коишто веќе ги завршивме истрагите, а во кои како осомничени се јавуваа и споменатите поранешни високи функционери.

Експремиерот Груевски вчера требаше да даде исказ пред СЈО, а во СЈО добиле информации дека заминал неколку денови во странство. Неговото обезбедување, како што објаснуваат од СЈО,с о денови добива да ги прими поканите. Поранешниот прв човек на Владата досега само еднаш дал исказ, кога во исто време дал изјава за случаите „Титаник“ околу изборните манипулации, како и за „ТНТ“ околу рушењето на објектот „Космос“ на Фијат Цановски.

Мартин Протоѓер, исто така, само еднаш се појавил да даде исказ пред истражителите за случајот „Титаник“, кога се пожалил на здравствени проблеми. Од тогаш одбива да ги прими поканите. На одредениот термин за давање исказ вчера во СЈО не се појавил ниту генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, чие отсуство било „оправдано“ со неодложни обврски од неговиот адвокат по е-пошта, но неколку часа подоцна.

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, еднаш веќе се појави во СЈО во април,к ога даваше исказ за случајот „Тортура“ поврзан со апсењето на Љубе Бошковски. Неодамна го примил известувањето дека е завршена истрагата за овој случај, но не ги прима поканите за други случаи.

Поради проблемите со доставата, од СЈО велат дека ангажирале и една доставна служба, но и тоа не ги подобрило работите.

Паралелно со повикувањето на распит на осомничени, оштетени лица или сведоци, од СЈО работат на докомлетирање на сите отворени случаи и се надеваат дека речиси сите ќе завршат со обвиненија до 30 јуни. И покрај тоа што уште во април е покренато обвинението за случајот „Транспортер“, во СЈО сé уште немаат никаква повратна информација од Кривичниот суд кога ќе биде закажано рочиште.

Сепак,специјалната јавна обвинителка Катица Јанева сé уште се надева дека политичките партии ќе најдат начин и ќе се договорат околу продолжување на рокот од 18 месеци за поднесување на обвиненија.

„Нашиот мандат продолжува со ист интензитет и од први септември ќе продолжиме со преслушување на незаконски снимените материјали. Досега,се преслушани 45 отсто од материјалите,н о не се обработени и анализирани“, вели Јанева.

Јанева е категорична дека летово нема да се отвораат нови предистражни постапки бидејќи се целосно ангажирани на досегашните истраги и предистражни постапки, кои се во фаза на финализирање.