Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанева го избра тимот, се чека одобрение за јавните обвинители

Јанева го избра тимот, се чека одобрение за јавните обвинители

Катица Јанева која го предводи Специјалното јавно обвинителство го избра својот тим на помошници составен од 14 јавни обвинители и нивното назначување треба да го потврди Советот на јавни обвнители. Бидејќи временските рокови се кратки треба брзо да се одржи седница и да се даде одобрување. Во тимот ќе влезат Артан Ајран, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стевчо Дончев, Трајче Пеливанов и Фатмир Фетаи.

Од нивните биографии е познато дека дел работеле на случаи на организиран криминал, како и кривичен прогон за повеќе дела кои и се познати на јавноста. Останатите се избрани во изминатите неколку години и имаат кратка професионална кариера. Откако тимот ќе биде формиран ќе започен и постапувањето за случаите кои произлегуваат од прислушкуваните разговори.