Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈакуповиќ до медиумите: Ќе ви бидам благодарен до крајот на животот

Јакуповиќ до медиумите: Ќе ви бидам благодарен до крајот на животот

Активистот Един Јакуповиќ се заблагодарува на медиумските работници кои во вчерашните тешки напади во Собранието беа исто така мета на гневните демонстранти, а дел од нив завршија со сериозни повреди извршувајќи си ја својата работна задача и без никаква вина и повод беа тепани и газени.
– Почитувани медиуми, Како борец за демократија и човекови права со допис до јавноста ја искажувам својата подршка до сите борци за демократија, најмногу до вас медиуми кои сте нераскинлива алка во оваа битка за демократија и осуда за оние кои се ставија во одбрана на режим. За нив бараме најстрога казна, вам ви се поклонувам и ќе бидам благодарен до крајот на својот живот. Со почит, напиша Един Јакуповиќ.