Monday, May 29, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонЈа знаевте ли – Фејсбук има скриена опција за подобри фотографии

Ја знаевте ли – Фејсбук има скриена опција за подобри фотографии

facebook-app_images

Доколку сакате фотографиите на социјалната мрежа Фејсбук да ви изгледаат подобро, треба да направите неколку чекори.

Фејсбук автоматски ја менува големината на фотографиите што ги поставувате на својот профил, а вие може да им ја наместите големината во поставките. На Фејсбук апликацијата на андроид, одете на news feed и притиснето го копчето „more”, кое изгледа како две хоризонтални црти. Изберете „help“ и во поставките одберте ја опцијата „Settings“. Изберете вчитување на ХД фотографии.

Ако користите Фејсбук апликација за ајФон притиснете го копчето на врвот од екранот кое изгледа како три линии. Во поставките изберете „Settings account“, a потоа Видеа и фотографии. Под поставките за Фотографии изберете го копчето за вклучување на ХД.

Инаку, Фејсбук на својата страница „Помош“ советува фотографиите да ги поставите на 720, 960 или 2048 пиксели.