Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЈа загуби битката со леукемијата: Почина славниот актер

Ја загуби битката со леукемијата: Почина славниот актер

Актерот Бери Џенер (75) во вторникот во Лос Анџелес ја изгубил битката со леукемијата. Остана запаметен по улогите во „Далас“, „Ѕвездени патеки“ и „Под истиот покрив“.

Се појави во 12 епизоди во седмата сезона на научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки: Длабоко место 9“, кадешто го толкуваше адмиралот Вилијам Рос.

Сочувство до семејството на Бери Џенер изрази неговиот колега од „Ѕвездени патеки“ Армин Шимерман.

-Срцето ми е скршено. Тагувам и не верувам. Почина мој добар пријател. Изразувам сочувство на сопругата Сузан и на сите оние кои го сакаа, изјавил Шимерман.