Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзворот на фалц личните карти остана анонимен

Изворот на фалц личните карти остана анонимен

Новинарот Љубиша Арсиќ од Фокус одлучи да го задржи правото на заштита на изворот и не го откри неговиот идентитет при сведочењето во судската постапка за случајот наречен „Фабрика за афери“. Арсиќ не откри кој му ги доставил фалсификуваните 105 лични карти и дека изворот сакал да остане анонимен и нивниот контакт траел многу кратко. Главен осомничен за фалсификувањето според јавното обвинителство е Захир Бекири – Чауш кој се товари дека личните карти ги изработувал во својот дом со соодветна опрема.