Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзвештајот на ЕК на мегдан во четврток

Извештајот на ЕК на мегдан во четврток

Извештајот за напредокот на Република Македонија, , се очекува „на мегдан“ во четврток 


 Иако без потврда, портпаролот на Еврокомисијата Маргаритис Схаинас, денеска не ги демантираше овие информации. За нашата држава, тоа значи дека до четврток на пладне кога се очекува Хан да ги објави извештаите пред Европскиот парламент, ќе биде крајно неизвесен период. Денови полни со Хан извештајдилеми дали ќе добиеме седма последователна препорака за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

 -Следете внимателно, порача портпаролот Схинас во однос на информацијата дека еврокомесарот Јоханес Хан ќе ги објави извештаите в четврток.

Според очекувањата, конечната објава на годишните извештаи за напредок ќе се случи следната недела, со оглед на тоа што се чека одржувањето на парламентарни избори во Турција, земја од посебен интерес за Брисел по бегалската криза.

Преговори во ПржиноДо објавувањето на извештаите, доколку има напредок во преговорите околу точките од договорот Пржино – 2 Јуни/15 Јули, очекувањата се дека ЕК ќе додели препорака за отпочнување преговори. Во спротивно, доколку преговорите продолжат, се очекува Хан да соопшти условена препорака која ќе зависи од имплементацијата на договорт. Доколку, пак, преговорите доживеат фијаско до четврток, Македонија ќе ја изгуби препораката.

Н.С