Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИзраелската полиција влезе во светото место на Палестинците

Израелската полиција влезе во светото место на Палестинците

Израелската полиција влегла во комплексот на џамијата Ал-Акса, чувствително место во Ерусалим, за да ги спречи младите Арапи да напаѓаат Евреи по повод одбележувањето на библиски празник.

Портпаролот на полицијата Мики Розенфилд изјави дека полицијата влегла неколку метри во комплексот за да ги затвори главните порти и да ги потисне младите кои се забарикадирале внатре и фрлаат камења и други објекти кон полицијата. Тој рече дека полицијата добила предупредување дека маскирани млади Арапи планираат напади врз Евреите. Четворица полицајци биле полесно повредени, а нема уапсени, рече тој.

Палестинските медиуми објавија дека неколкумина демонстранти се пожалиле поради вдишувањето солзавец. Џамијата Ал-Акса е едно од најголемите жаришта на Блискиот Исток. Евреите го сметаат врвот на ридот како нивно најсвето место и го нарекуваат Ридот на храмовите. За муслиманите, тоа е трето најсвето место по Мека и Медина во Саудиска Арабија.