Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИзраел шпиунирал преку делфин

Израел шпиунирал преку делфин

Израелците шпиунираат со животни? Исламистичката милитантна група Хамас, која ја има контролата во Газа, соопшти дека „заробиле“ делфин, кого Израелците го користеле како „шпион“ покрај брегот на појасот.

Локалниот весник „Ал Кудс“ тврди дека фатениот делфин имал на себе „шпионска опрема“ вклучувајќи и камери. Делфинот го откриле и го уловиле припадници на морнаричката единица на военото крило на Хамас, а делфинот го прикажуваат како своја прва „победа“ над Израелците.

Засега ниту Хамас, а ниту весникот, не даваат други детали со што би можело да се потврди тврдењето, а нема ниту фотографија од заровениот „делфин-шпион„. Весникот „Ал Кудс„ кој е под контрола на Хамас, само пишува дека животното било земено од израелските власти, за да биде претворено во „убиец„.

Израелските власти не го коментираа тврдењето од Газа дека оваа милитантна палестинска група се шпионира со помош на дресиран делфин. Ова не е прв пат Израел и неговата разузнавачка агенција Мосад да се обвинува дека користи животни и птици за шпионски потреби.

Во 2010 година, Израелците ги отфрлија обвинувањата од Египет, дека серијата напади на ајкули во Црвено Море се дел од „израелски заговор„. Вакви обвинувња таа година имаше и од Саудиска Арабија, а пред три години, турските власти тврдеа дека уловиле птица преселница, опремена со опрема за разузнавање.