HomeДЕНЕШНАСветИзраел ја прекинува соработката со организацијата на ОН за образование, наука и култура

Израел ја прекинува соработката со организацијата на ОН за образование, наука и култура

Израел денеска соопшти дека ја прекинува својата соработка со Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) поради усвоената резолуција, која израелските власти ја осудија како негаторска кон илјадагодишните историски врски помеѓу Евреите и Ерусалим.

Во писмо адресирано до генералнииот директор на Организацијата, Ирина Бокова и објавено на Твитер, израелскиот министер за образование, Нафтали Бенет ја обвинува УНЕСКО за „непосредна поддршка на исламистичкиот тероризам” и ја известува дека израелската комисија за УНЕСКО „ги прекинува сите свои професионални дејности со таа меѓународна организација”.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com