Saturday, Apr 29, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈТенисИзнер го елиминираше Федерер во Париз!

Изнер го елиминираше Федерер во Париз!

Америчкиот тенисер Џон Изнер го направи едно од најголемите изненадување на Мастерс турнирот во Париз, елиминирајќи го швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во третото коло.

Изнер до триумфот против Федерер дојде со победа од 7:6, 3:6, 7:6, после два часа и седумнаесет минути игра.

Во четвртфиналето Изнер го очекува средба со Шпанскиот тенисер Давид Ферер, кој славеше против Григор Димитров од Бугарија со 6:7, 6:1, 6:4.

Изнер  до својата втора победа против Федерер во седум меѓусебни средби дојде благодарејќи на своето најмоќно оружје-сервисот, и тоа откако ја искористи својата четврта меч топка. Швајцарецот со помош на ас удари успеа да ги спаси првите три топки, но на крај неможеше да дојде до целосен пресврт против американецот.

Во текот на целиот натпревар беше виден само еден брејк, што е и за очекување во натпреварите кои ги игра Изнер. Американецот тоа успеа на најдобар можен начин да го искористи во првиот сет, кој го доби по тај-брејкот, за во вториот сет Федерер да ја преземе контролата и конечно да направи брејк, а со тоа и да го освои вториот сет.

Третиот сет се играше изедначено, за победникот да биде одлучен по тај-брејкот.  Изнер тргна посигурно и имаше предност од 6-2, но Федерер со одличните сервиси успеа да дојде до само поен разлика, но потоа американецот повторно го искористи своето најмоќно оружје и со помош на ас удар успеа да дојде до оваа голема победа за него.