Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИзненадување- Икер Касиљас се сели во Англија?!

Изненадување- Икер Касиљас се сели во Англија?!

Легендарниот шпански голман својата кариера би можел да ја продолжи во Лондон! Шпанските медиуми денес пренесоа дека Челси и Арсенал се сериозно заинтересирани за услугите на Икер Касиљас! Наводно, поубавата половина на голманот, познатата новинарка и телевизиска водителка Сара Карбонеро стои зад целото ова, бидејќи таа сака да се пресели во Лондон. Иако во престолнината на Англија има и други помали клубови кои се заинтересирани и кои би биле можеби пореална опција за Касиљас во моментот, но во трката се вклучени наводно најголемите- Челси и Арсенал.

Антонио Конте сака да го продаде Асмир Беговиќ, а во Касиљас гледа одлична конкуренција за Тибо Куртоа, додека од друга страна резервниот голман на Арсенал Давид Оспина исто така не ги исполни очекувањата. Касиљас на Емирати би се борел со Петар Чех за стартната позиција во тимот, па така преселба во Лондон би можела да биде вистинска одлука за него, во било кој ден да одлучи да се пресели.