Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаИзненадување! Ед Ширан! (ВИДЕО)

Изненадување! Ед Ширан! (ВИДЕО)

Британскиот музичар и миленик на помладата публика ги изненади посетителите на анлигскиот фестивал „Latitude“ кога на сцената му се придружи на својот колега Фој Ванс. Музичарот од Северна Ирска Фој Ванс има договор со дискографската куќа на Ед Ширан „Џинџербред мен“, а неговиот најнов албум „The Wild Swan“ го продуцираше Елтон Џон.

Ед Ширан се појави пред самиот крај на настапот на Ванс за заедно да ја изведат песната „Joy of Nothing“, која се наоѓа на споменатиот нов албум на Ванс, „The Wild Swan“. Публиката го дочека Ширан со врисок и аплауз и јасно му даде до знаење дека е време да ја прекине својата пауза и да се врати на сцената.