Monday, Sep 25, 2017
HomeАНТИСТРЕСИзненадувања кои ги посакува секој маж

Изненадувања кои ги посакува секој маж

Приредувањето изненадување не секогаш предизвикува позитивни реакции. Постојат многу луѓе кои сакаат се да им биде најавено и познато. Но доколку сакате да го изненадите вашиот партнер, ви нудиме неколку гестови кои сигурно ќе го израдуваат.

Направете му вкусна вечера без да  најавите

Љубовта кај мажите доаѓа преку стомакот. Посебно доколку имал напорен работен ден омиленото јадење би го воодушевило, помислата дека сте го подготвиле сами уште повеќе ќе му значи.

Набавете му билети за концерт или утакмица

Мажите посебно уживаат во внимание. Посебно почитуваат кога обрнувате внимание на детали. Доколку му купите карти за утакмица кога игра тимот за кој навива ќе покажете дека ги цените неговите интересирања.

Подарете му некоја ситница без повод

И мажите сакаат подароци нели? Доколку го изненадите со некоја ситница која потајно ја посакува добивате многу бонус поени.

Преку порака изразете му љубов

Доколку пораката ви служи за да прашате каде е и со кого, нема да му се допаѓа. Напишете неколку нежни зборови со кои само му покажувате љубов.