Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноИзненадувачко откритие: Мачките повеќе сакаат луѓе отколку храна!

Изненадувачко откритие: Мачките повеќе сакаат луѓе отколку храна!

Со најновото истражување митот дека мачките се себични и се умилкуваат кај луѓето само заради корист е разбиен. Најновото истражување, спроведено во март и објавено во списанието “Behavioural Processes” докажало дека мачките можат да бидат подеднакво пријателски расположени кон луѓето, исто како кучињата. Со ова, истражувањето урнало еден од најголемите митови за мачките – дека овие крзнени убавици многу помалку го преферираат друштвото на луѓе отколку кучињата, поради кое мачињата ги следела неправедната репутација дека тие се себични и недруштвени.

Најновото истражување докажува дека тие можат да бидат подеднакво пријателски расположени кон луѓето како и кучињата. Истражувањето вклучувало когнитивни тестирања врз мачките какви што биле направени и врз кучиња и желки. За потребите на студијата биле земени 50 мачки и од улица и од нивните домови, кои биле оставени некое време без храна, без играчки и без човечки контакт. Потоа мачките добиле храна, играчки и друштво од луѓе, а најмногу од мачките реагирале на интеракција со човек. Поточно, само 37% од нив ја одбрале храната.

Истражувањето исто така покажало дека разликата помеѓу мачките кои имаат сопственици и оние кои си бараат дом е многу мала.