HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИзненадувачки, Илкај Ѓундоган го продолжи договорот со Дортмунд

Изненадувачки, Илкај Ѓундоган го продолжи договорот со Дортмунд

Играчот на Борусија Дортмунд Илкај Ѓундоган им стави крај на шпекулациите и реши да го продолжи договорот до 2017-та година. Ѓундоган по многубројните написи кои го поврзуваа со Манчестер Јунајтед, со Барселона и со Баерн сепак одлучи да ја продолжи верноста со екипата која има најдобри и најверни навивачи на свет.

DORTMUND, GERMANY - JULY 27:  Ilkay Guendogan of Dortmund celebrates after scoring his team's 3rd goal during the DFL Supercup match between Borussia Dortmund and FC Bayern Muenchen at Signal Iduna Park on July 27, 2013 in Dortmund, Germany.  (Photo by Sascha Steinbach/Bongarts/Getty Images)

„Мило ми е што ги расчистивме нејасностите околу мојата иднина и ќе продолжам да настапувам за Борусија Дортмунд. Сега можам целосно да се посветам на подготовките за новата сезона“. -Изјави кратко Ѓундоган по потпишувањето на договорот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com