HomeДЕНЕШНАЕкономијаИзмени во законот за извршување: Пред да бидат блокирани, должниците ќе бидат известени

Измени во законот за извршување: Пред да бидат блокирани, должниците ќе бидат известени

smetki

Од 1 јануари е најавена примената на новиот закон за извршување, кој, според претседателот на Комората на извршители на Македонија (КИРМ), Зоран Петрески, ќе донесе бројни предности, посебно за граѓаните кои припаѓаат на ранливите категории.

„Во новиот закон се предвидува дека за неплатени комунални сметки извршителот не смее да блокира без претходно да го извести граѓанинот дека постои некој долг и да побара од него да предложи начин на кој ќе се сервсира долгот. Исто така, воведувањето на вонсудската наплата е апсолутно поволен момент кој ќе овозможи пред почетокот на каква било постапка, граѓанинот да го сервисира својот долг без поголеми трошоци. Додека третиот и најважен момент е електронското поврзување на извршителите со сите институции од каде ќе се добиваат бесплатни податоци од сите институции со што ќе се намалат трошоците“, изјави Петрески на годишната конференција што се одржува во Пехчево.

В првите девет месеци извршителите во Македонија примиле 134.740 барања за извршување, реализирале само 28,40% или 38.266, а вкупниот износ на наплата од извршување е 75.715.471 евра што е 2 милиони евра помалку од лани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com