Friday, Jun 23, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИзманипулирал другар за илјада евра и во негово име подигнал кредит

Изманипулирал другар за илјада евра и во негово име подигнал кредит

policija-11-

Лице од Струга измамил другар од кого зел ни помалку ни повеќе, туку 1.000 евра, каде што крадецот му ветил дека ќе му обезбеди работа во Германија, а потоа со неговите лични податоци се упатил кон банка и зел кредит и го заглавил со плус 7 илјади денари. Полицијата поднела пријава за измама на човекот.

Од МВР известуваат дека стружанецот лани го довел во размислување и заблуда оштетениот кажувајки дека има човек кој живее во Скопје кој може да му помогне да замине во Германија на работа. За услугата барале пари, за кои оштетениот од ноември лани до јануари му дал цели 66. 920 денари. Манипулаторот му објаснувал дека парите биле потребни за документација, за патот, за лекарско, за стан, за повратна карта, за данок и слично што се тоа немало веза. Оштетениот на манипулторот му испраќал скенирани лични документи, трансакциска сметка, уверенија од лекари и друга документација, која ограбувачот ја искористил да земе кредит од „ФД М Кеш Мкедонија“ ДООЕЛ-Скопје.
Иманикот на оштетениот му кажал дека по грешка на неговата трнсакциска сметка се префрлени 7 илјади денари, па побарал да оди да ги извади и да му ги даде и тие пари.

Се поминало време, скоро два месеци, а немало никакви вести од работата за Германија. Подоцна на 26 јануари оштетениот добил известување преку телефон дека има паричен долг за кредитот што претходно бил исплатен. Тогаш оштетениот стружанец сватил дека е измамен од неговиот добар другар и го пријавил случајот во полициска служба.