Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИзложени моштите на Св. Василиј во струмичката црква „Св. Кирил и Методиј“

Изложени моштите на Св. Василиј во струмичката црква „Св. Кирил и Методиј“

Струмичани денеска се поклонија на светите мошти на „Св. Василиј“, кои од синоќа се изложени во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица – пишува Нова Македонија. Според отец Димитар Крцев, кој ја водеше вечерната богослужба синоќа, кога беа изложени и светите мошти, Струмичката епархија е привилегирана што има дел од моштите на овој светец, кој е столбот на православието.

vasilijМоштите на светецот, се изложуваат во црквата, секоја година, од 1995 година, па наваму, а православните христијани се поклонуваат и се помазуваат за здравје и долг живот. Моштите се откриени во истата црква во 1958 година и биле заѕидани во трпезната маса, внатре во олтарот, во долната сала на црквата, која служи за крштевање.

Денеска во сите храмови во Струмица, согласно светоотечкото Предание, на верниот народ, по Божествената Василиева Литургија се поделија лепчиња со паричка.